Balkan Prime Tours е член на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија и агенција што се стреми да го издигне искуството на секој клиент над очекувањата. Нашата основна вредност е да понудиме и да овозможиме Повеќе од вообичаеното искуство.
Филозофијата на Balkan Prime Tours се темели на пет клучни точки:
1
Средби и дружења со локалните жители - пречек со турско кафе, ручек во локално семејство...
2
Автентично, локално искуство - храна во најдобрите традиционални ресторани, вкусување на уникатните македонски вина, од кои дел се веќе препознаени и етаблирани од светски вински експерти, а дел, сè уште (ќе) се откриваат...
3
Издигнување на македонскиот туризам на повисоко ниво - примена на принципите на одговорниот и одржлив туризам..
4
Дополнителни вредности што го наминуваат вообичаеното искуство - доживување на приказната за македонскиот рубин, официјален фотограф за Струшките вечери на поезијата...
5
Промоција на Македонија како едно од „100. места што ќе ви го променат животот“, како што е окарактеризирана во списанието „Нешнл џиографик“ (април, 2016 година), чија насловна страна го краси симболот на Охрид - Свети Јован Богослов Канео.
Дестинации
Услуги
Активности
Македонија е една од последните земји во Европа, чии убавини не се откриени и истражени докрај. Рај од планини, езера и реки, мозаици од природни убавини, ендемична флора и фауна... Ковчеже исполнето со уникатни културни богатства, легенди и приказни од пред илјадници години. Сите тие убавини може ги истражите и почувствувате преку вашите омилени активности – возење велосипед, јавање коњи, кајакарење, нуркање, тандем-параглајдерство, патување со брод... Богатото забавно и едукативно искуство, комбинацијата од уметноста, природното и културното наследство со историјата, ќе го издигне вашето емпириско доживување над линијата, над очекувањата.
Сместување
Да се негуваат, почитуваат и применуваат принципите на одржливиот туризам, подразбира и почит кон локалното население, културното наследство и животната средина. Затоа, ако нашата примарна мисија е да ви обезбедиме повеќе од вообичаеното искуство, ја надградуваме и збогатуваме и со автентичното, локално доживување, кое може да го искусите само овде и во овој момент. Balkan Prime Tours ви нуди сместување во хотели со 5 и со 4 ѕвезди, како и во проверени хотели со 3 ѕвезди, водени од локални луѓе. Најдоброто што е достапно на пазарот, во што често се уверуваме и ние самите, посетувајќи ги сместувачките капацитети ненајавено ;)
Храна и Вино
Храната е потреба, но да се јаде интелигентно е уметност, рекол францускиот автор Франсоа де Ларошфуко. Ние би додале: Храната е потреба, но да се вкуси добрата македонска храна во спој со врвното вино, е гастро-искуство што ќе се памети засекогаш. Македонија е една незаборавна авантура, во која се спојуваат природните убавини, уникатните културни богатства, храната и виното. Благодарение на сонцето и на плодната почва, македонската кујна е колоритна комбинација од вкусови, а климата е совршена и за одгледување на исклучителни сорти грозје, од кои се произведуваат високо квалитетни вина. Имаме долгогодишна соработка со Тиквеш, Стоби, Попова кула и Бовин, винарници со уникатни вина, различни од вината од глобално познатите вински региони. Дел од нив се веќе препознаени и етаблирани од светски вински експерти, а дел, сè уште (ќе) се откриваат.
Водичи
Нашата филозофија да понудиме нешто поинакво, подлабоко и незаборавно, нешто што е Повеќе од вообичаеното искуство, доследно и посветено ја пренесуваат и нашите сертифицирани водичи. Нашите фронтмени, специјализирани водичи за културни, активни и авантуристички туристички патувања, со богато професионално портфолио, се лицето на Balkan Prime Tours и го имаат искуството и умешноста на најнепосреден начин да ги пренесат и споделат нашите вредности. Но, не застануваме тука... Во рамките на Balkan Prime Tours работи и Академија за развој на водичи, каде вработените и ексклузивните фриленсери се стекнуваат со нови знаења и ги развиваат своите вештини и искуства во чекор со најновите трендови.
Транспорт
Располагаме со сопствени комфорни возила (9+1) за транспорт, во зависност од видот и од големината на турата.
Возниот парк на Balkan Prime Tours го сочинуваат:
Автомобил (Mercedes-Benz E-Class)
Комбиња (8+1), (20+1)
Минибус (30)
Минибус (49+2), (57+2), (63+2)
Пред секоја тура, возачите се повикуваат на заеднички брифинг, на кој се споделуваат совети и се дефинираат организациските детали на патувањето.
Нашиот Тим
BILJANA AMPEVSKA HRISTOVSKA
BILJANA AMPEVSKA HRISTOVSKA
Operational Manager
• • • • •
Јазици: Англиски, Италијански, Француски
Ivana Pechaleva
Ivana Pechaleva
Product Manager
• • • • •
Јазици: Англиски, Француски, Шпански, Германски
Vlatko Sulev
Vlatko Sulev
General Manager
• • • • •
Јазици: Англиски, Италијански, Германски
Marija Mitreska
Marija Mitreska
Operational Manager
• • • • •
Јазици: Англиски, Француски, Шпански
JENNIFER MADRID
JENNIFER MADRID
Sales Manager
• • • • •
Јазици: Македонски, Шпански
Marcantonio  Capasso
Marcantonio Capasso
Chief Representative Italian Market
• • • • •
Јазици: Англиски, Италијански
JULIET LAN
JULIET LAN
Director of External Relations China
• • • • •
Јазици: Англиски
Stoyan  Gegovski
Stoyan Gegovski
Chief Representative China
• • • • •
Јазици: Англиски
TIFFANY   XIE
TIFFANY XIE
Sales Director China
• • • • •
Јазици: Англиски
Кратки приказни
Јаник Вогел / Мулти Тура
Чувството кога летав над Галичица – о, господе боже!
Лаура Рафин / Тим Билдинг
Мирисот на авантура, возбуда, вино и храна. Со еден збор – Македонија
Пол Колет / Пешачење
Луѓето од Вевчани велат: Дојдете и ќе го видите Охрид. Тие се апсолутно во право
Кристина Моро / Пешачење
Едноставно кажано – неверојатно! Уморна сум, но со полни гради
Андре Барон / Пешачење
Македонија е местото каде една слика вреди десет илјади зборови...
Виктор Вергер / Пешачење
Има толку многу приказни поврзани со Трескавец што ги слушнав. Верувам во сите
Теодора Понс / Пешачење
Природа, зеленило и убавина. Не можам да го опишам тоа чувство...
Марта Граф / Мулти Тура
Убавина, природа, возбуда и вино – тоа е сè што му е потребно на мојот авантуристички дух
Фридрих Симон / Мулти Тура
Македонија – второто име на виното
Роберто Мартин / Тим Билдинг
Погодете кој го најде скриеното богатството во Охрид :)
Џулија Сомер / Мулти Тура
Земјата на убави предели и прекрасна природа
Александар Хан / Мулти Тура
Скопје и неговите рурални области – колку спротивставеност на толку кратко растојание
Елена Рилиет / Вино и Велосипедизам
Кој би рекол дека виното може да биде еден од најдобрите сопатници на велосипедот?
Фабијан Ломбард / Вино и Велосипедизам
Ако некоја девојка од Македонија сака да ме земе за сопруг, јас сум самец :)
Лука Сиферт / Вино и Велосипедизам
Земјата, која е жив доказ за изреката: In vino veritas
Фрида Мајер / Вино и Велосипедизам
Додека возевме велосипеди, слушнав како многу луѓе пеат... Додека пиевме вино – исто
Марко Карон / Вино и Велосипедизам
(Не)откриен рај за велосипедисти, како мене
Анџела Бони / Мајка Тереза
Места, на кои различни историски периоди и денес се испреплетени на извонредни начини
Бригит Мари / Античка Македонија
Патување што ќе ве замисли и натера да се нурнете и повторно да ја прочитате историјата
Ноам Дувал / Античка Македонија
До неодамна не знаев дури ни каде е Македонија... Сега чувствувам дека ја познавам целосно,
Ема Кох / Античка Македонија
Одмор, но истовремено и стекнување нови знаења – токму тоа што секој активен човек би го посакал
Јирген Фишер / Античка Македонија
Со сопругата заглавивме на Канео... Долга приказна, но имаме сосема нова возбудлива приказна што ќе им раскажуваме на нашите пријатели
Лукас Бернард / Мајка Тереза
Колоритно патување, исполнето со убавина, великодушност и светлина
Емилија Хофман / Мајка Тереза
Големо патување, исто како и срцето на Мајка Тереза
Николас Пиерон / Мајка Тереза
Пловењето од Свети Наум до Охрид... Не се искажува со зборови... Едноставно, незаборавно
Рафаел Рош / Мајка Тереза
Таа велеше: Не можеме да правиме големи работи, само мали работи со голема љубов. Ова патување е една од тие мали работи
Роберто Алфонсо / Античка Македонија
Античка Македонија е вистинско богатство на искуства
Герхард Фишер / Гастрономска Авантура
Вистинска авантура за сите сетила. Топло им ја препорачувам на сите хедонисти
Матилде Дубос / Гастрономска Авантура
Ако во виното е вистината, тогаш Македонија вистински вреска
Клаус Милер / Гастрономска Авантура
Добро, веќе слушнав за убавото вино и за храната во Македонија, но, како што велат локалните жители, вискито може да ѝ носи вода на ракијата Ч)
Фрида Вагнер / Гастрономска Авантура
Конечно, го открив местото каде што виното и храната ја милуваат душата
Квентин Моро / Гастрономска Авантура
Немам што да кажам. Навистина. Ова патување ме остави без зборови, но сигурен сум дека ќе дојдам повторно
Маја Фишер / Тим Билдинг
Слушнав дека има една песна за Старата чаршија како мевлем на душата. Колку точно
Волтер Волф / Тим Билдинг
Голема штета за колегите што не успеаја да дојдат
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. 50та Дивизија 34/1/32
1000, Скопје, Македонија
+389 2 315 57 19 +389 78 44 99 98