Косово

Косово, најмладата земја во Европа, се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа. Позиционирано во центарот на Балканскиот Полуостров, Косово е важна врска меѓу Централна и Јужна Европа, меѓу Јадранското и Црното Море. Оваа претежно планинска земја ветува многу незаборавни глетки и искуства.

ЗОШТО ДА ГО ПОСЕТИТЕ КОСОВО?

Призрен е шармантен балкански град, кој остава впечаток дека е слеан по бреговите на реката Бистрица, која го дели градот меѓу високите зелени планини на два дела. Изграден низ многу векови со спој од архитектури со доминантно Отоманско влијание, Призрен,  дефинитивно, е еден од најатрактивните градови во Косово.

Најголемиот и главен град на Косово – Приштина е културен, економски и административен центар на земјата со долга историја. Археолошките откритија датираат уште од неолитските времиња. Се верува дека Улпијана, јужното предградие Приштина, е центарот на Илирската провинција Дарданија и еден од најубавите градови во периодот од 2 до 4 век.

Манастирот Високи Дечани, кој се наоѓа во близина на градот Дечани, е еден од најважните културни локации во Косово. Датира од 14 век и е назначен за светско културно наследство на УНЕСКО. Манастирот е исполнет со спокојство. Фреските на ѕидовите претставуваат различни сцени од Библијата и создаваат прекрасен амбиент. Како и низ минатите векови, монасите тука сè уште живеат едноставен и смирен живот. Тие произведуваат храна за манастирот, кој е добро познат по вкусното сирење и по доброто вино.

Манастирот Грачаница е српски православен манастир, лоциран во истоименото село, на 10 километри од Приштина. Бил основан од српскиот крал Стефан Милутин во 1321 година. Манастирот Грачаница е прогласен за споменик на културата со исклучителна важност во 1990 година. Од 2006 година е светско културно наследство на УНЕСКО, на листата „Средновековни споменици на Косово“, како експанзија на манастирот Високи Дечани.

Царската џамија (џамија на султанот Мехмед Фатих), најголемата во Приштина, била изградена по наредба на султанот Мехмед II, познат и како Ел-Фатих. Најистакната карактеристика на оваа џамија е огромната купола од 15 метри. Денес, стотици граѓани на Приштина ја користат оваа џамија за дневна молитва. Како национална икона, Царската џамија неприкосновено се смета и како една од најголемите градби во градот. Краток период, за време на Австро-турската војна (од 1690 до 1698 година), џамијата била претворена во црква, а за време на Втората светска војна била одбележана со свастика од германските трупи.

Влезот во пештерата Гадиме (Мермерна пештера) бил откриен во 1966 година од Ахмет Дити, селанец кој ги тргал камењата од својот двор и случајно здогледал блескава дупка во земјата. По внимателното разгледување, тој бил изненаден од откритието дека сјајот произлегува од пештера, полна со кристализирани сталагмити. Денес, сталагмитите и сталактитите се главната атракција во пештерата. Нивното создавање во текот на милиони години овозможило формирање на различни облици и форми, кои локалните жители ги именувале. Имињата ќе ве натераат да се насмеете, но и да размислувате за нивното потекло.

Пеќската патријаршија, светско културно наследство на УНЕСКО, претставува комплекс од цркви лоцирани во предградието на Пеќ, во близина на реката Призренска Бистрица, на почетокот на Руговската Клисура. Овој комплекс датира од 13 век и е местото каде живееле српските епископи и патријарси. Од основањето, Патријаршијата е место за средби на теолози, писатели и уметници – место каде уметничкото наследство отсекогаш било нагласено и до ден-денес е едно од клучните споменици на косовското културно наследство.

Галерија
Иконографик
Флија
Расој
Евро (EUR)
Унитарна парламентарна република
Патен, железнички и воздушен
Континентална со медитерански и алпски влијанија
Приштина
1.907.592
Албански и Српски
Рударство, цемент и градежништво, текстил, преработка на храна и пијалаци, туризам, металуршка индустрија
Муслимани, православни христијани, католици
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. 50та Дивизија 34/1/32
1000, Скопје, Македонија
+389 2 315 57 19 +389 78 44 99 98