Црна Гора, бисерот на Медитеранот, е сместена во јужниот Јадран. Едвај ќе пронајдете која било друга земја со толкава големина, која крие толку многу природна убавина на тивките плажи, бистрите езера, брзите реки и на прекрасните планини. Црна Гора е навистина уникатна на многу начини.
ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ ЦРНА ГОРА?
Опкружен со камен, скриен и полн со приказни, Котор со сигурност е главниот град на културата во Црна Гора. Стариот град Котор е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, како еден од најдобро зачуваните средновековни градови на Јадранското Море. Которскиот Залив, најдлабокиот и најдолгиот залив на Јадранското Море, понекогаш се нарекува и најјужниот фјорд во Европа.
Свети Стефан е необично и уникатно место не само во Црна Гора или на Будванската Ривиера, туку и на целиот Медитеран. Покривите на куќите на „градот-хотел“, кој е поставен на гребенот на карпест остров, црвенеат како елегантни рубини. Островот е поврзан со копно преку каменлив провлак, кој му дава изглед на полуостров. И самото настанување на Св. Стефан е единствено.
Слатководното Скадарското Езеро е еден од петте национални паркови на Црна Гора. Опкружено со драматични карстни планини и место на возбудлив спектар на диви животни, повеќе од 260 видови птици, традиционални рибарски села, островски манастири и недопрени плажи.
Манастирот Острог е местото каде доаѓаат луѓе од различни вери (православни, католици, муслимани...). Главната причина е верувањето во чудата на моштите на Св. Василиј Острошки. Аџиите велат дека молитвата пред моштите помага за брзо заздравување, а може да ги намали и несреќите во животот.
Националниот парк Дурмитор е една од најдобрите туристички дестинации во Црна Гора. Посетителите имаат можност да уживаат во неверојатната природа, високите планински врвови, прекрасните шуми и во единствениот кањон на реката Тара. Не пропуштајте го Дурмитор – ова е едно од најуникатните искуства што нуди многу активности.