Словенија

Словенија е единствената земја во Европа што поврзува четири сосема различни географски светови: Алпите, Медитеранот, Панонската Низина и Карстот. Во еден момент им се восхитувате на снежните планини, а веќе во следниот, го свртувате погледот и гледате кон морето. Најдобриот белег на земјата е светот на прекрасните контрасти.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ СЛОВЕНИЈА?

Блед е еден од најпопуларните туристички центри во Словенија и речиси е правило никој да не ја напушти земјата без да ја посети оваа област. Блед е познат по својата благата, лековита клима и по термалната езерска вода.

Ѕвоното на црквата Света Марија на островот на езерото Блед има своја легенда. При транспортот на островот, ѕвоното потонало на дното на езерото заедно со бродот. Подоцна папата испратил ново ѕвонче за црквата, кое се нарекува „Ѕвоно на желбите“ и се верува дека на секој што ќе го допре, ќе му се оствари една желба.

Луксузната езерска зграда Вила Блед, која денес е трансформирана во хотел, е поранешна резиденција на југословенскиот претседател Тито.

При посетата на Блед, мора да пробате кремшнита – вкусно традиционално печиво со ванила и со крем!

Стариот град Љубљана го комбинира наследството од средновековниот период со ремек-делата од барокниот и од периодот арт нуво, античките римски споменици со уникатното наследство на архитектот Јоже Плечник.

Најромантичната теорија за значењето на името Љубљана е таа што ја поврзува со љубовта... Називот произлегува од зборот „љубљена“ или „сакана“.

​Постојнска Јама е најголемата и најубавата пештера во Европа. Таа е 20-километарски лавиринт од подземни премини, исполнети со фантастични сталагмити, сталактити и со други карпести форми. Турнејата во пештерата почнува со возбудливо возење со туристички, пештерски воз со отворени вагони.  По 2 километри возење кон длабочината на пештерата, пристигнувате до пешачката патека, која ви овозможува да му се восхитувате на раскошот и на големината на подземниот свет.

Галерија
Иконографик
Идријски жликрофи
Шнапс
Евро (EUR)
Парламентарна република
Патен, железнички, поморски и воздушен
Медитеранска, алпска и континентална
Љубљана
2.066.161
Словенечки
Црна металургија и алуминиумски производи, топење на олово и цинк; електроника (вклучувајќи и воена електроника), камиони, автомобили, опрема за електрична енергија, производи од дрво, текстил, хемикалии, машински алати, преработка на храна и пијалаци
Католици, православни христијани, протестанти и муслимани
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. 50та Дивизија 34/1/32
1000, Скопје, Македонија
+389 2 315 57 19 +389 78 44 99 98