Попова Кула- сржта на виното и македонската традиција

Идејата ја добива додека студира во САД и се одлучува да се врати назад во родната Демир Капија каде почнува да ја гради приказната за винаријата Попова Кула. Со овие зборови домаќинката Ленче Недева ја раскажува приказната за почетоците на  винаријата „Попова Кула“ која се наоѓа во Демир Капија. 

Пандемијата им ги скрати крилјата, но не им спречи да летаат кон нови хоризонти. На нашиот тим му е драго што винаријата Попова Кула успеа да се адаптира на нова ера на туризмот и да понуди идеални викенд тури за домашните туристи, како би го почувствувале регионот на прав начин.

 

 

Демир Капија е место кое дефинитивно вреди да го посетите. Од вински тури, јавање коњи до искачување на карпи. Овде се врзуваат виното и љубовта, се спојуваат медитеранската и умерено континенталната клима со дури 280 сончеви денови во годината. Богато приридно и историско наследство. Мостот на историјата, како што се нарекува во овој крај, крие во себе многу историски приказни за кои се жедни туристите.

Ленче која е дел од менаџерскиот тим на винаријата вели дека ова место ќе остане запаметено по квалитетното вино и винските тури кои се организираат за гостите. Но вели дека ова е добар момент да внесат свежина во понудата со тоа што ќе му дадат поголеми значење и на активниот туризам.

 

 

Со затварањето на границите и карантинот, на луѓето им е потребна поголема слобода во природата. Од тие причини ние се одлучивме на нашите гости да им го организираме слободното време со врвни локални водичи. Ова е стимул за сите нас, како за самата винарија така и за локалните водичи, вели таа.

Еден викенд во Попова Кула може да го искористите со дегустација на вино комбинирано со различни видови на храна, уживање во пространиот двор на винаријата, вински тури и тури за запознавање на историјата на Демир Капија како и едукација за тоа како се преработува виното.

 

 

Винаријата организира и активности во природа како што се прошетка по реката Дошница, посета на долината на Кактусите, искачување на тврдината Просек, изнајмување велосипеди кои може да се користат на патеките околу Попова Кула, искачување по карпите на Демиркаписката Клисура и јавење коњи.

 

 

Најголема предност од престојот во винаријата е тоа што ќе научите многу за виното. Самиот хотел во склоп на винаријата ги има именувано сите 33 соби според имињата на нивните вина, а декорацијата во собите е во согласоност со тоа дали виното е бело, црвено или розе. Она на кое што се надева Ленче е враќањето на туризмот во нормала. Бидејќи како што вели таа, ова место е попатна дестинација за сите коишто транзитираат низ Македонија, што на некој начин преставува добар промотор на тоа што може да го понуди Македонија.

 

 

Убавините на Демиркаписката Клисура претставуваат вистинска атракција за туристите кои се воодушевени од природата, карпите, кањонот,прекрасната флора и фауна. За развој на туризмот придонесуваат природните раритети ,спелеолошките појави кои се создадени во варовничките маси на клисурата. Во Демиркаписко има голем број пештери. Беловодица, Горни и Долни Змејовец се само дел од пештерите кои може да го поттикнат развојот на пештерскиот туризам.