Никогаш не ни помислив дека ќе имам работилница во Скопската Чаршија

Дека успешни приказни се раѓаат и во време на пандемија говори приказната на Александра, која неодамна се одлучува да отвори свој дуќан во Старата Скопска Чаршија во кој ќе израборува и продава филигрански накит.

Нашиот тим ја запознава Александра како голем љубител на она што го нуди бесконечната историја на чаршијата, тесните улички, продавници и начинот на којшто живее скопската чаршија.

 

 

Александра како млада студентка се решава да отпочне со обука за филигранство. Таа вели дека овој знанает отсекогаш и претставувал техника која ја фасцинирала.

Во нејзинтоо мало дуќанче/работилница, се наоѓа една мала работна маса со многу ситни алатки од кои се раѓа едно парче накит. Отварањето на работилницата било во декември 2020-та година, што можеме да кажеме дека е приказна која добро почнала да се развива во време на пандемија.

Занаетот го учи од обуки, но вели дека за доосовршување на техниката, главен придонес има еден мајстор-златар, чија работилница исто така се наоѓа во чаршијата. Според неа пренесувањето на знаењето и занаетот од повозрасните на помладите во Старата Скопска Чаршија е битен момент во задржувањето на традицијата.

 

 

Желбата за филигранство постоела уште многу одамна. Александра вели дека била воодушевена уште од мала додека шетала по учиците на чаршијата, но не се надевала дека приказната на MORPHO ќе се развива токму тука.

За неа убавината на чаршијата е во тесните дуќанчиња, малите работилници, антикварници што се нижат низ расплетените улички и зафаќаат површина од 6м2, 8м2, 10м2, наспроти трендот кој го диктира денешницата за да купуваме брендирани производи од огромни продавници во затворени трговски центри.

 

 

 

Работата ја опишува како доста креативна, на која треба да и се посвети време. Го сака моментот на играта помеѓу огнот и сребрените жици. Таа како студент по архитектура вели дека, изработката на накит, обликувањето на дизајнот и осмислувањето како сите парчиња дасе поврзат во целина за неа е архитектура во мало.

Изработува филиграни заради нивната автентичност, неповторливост, заради нивната деликатност, способност да не поврзат со долговековниот историјат и традиција која ја негуваат нашите постари, поради чувството на идентитет кое се побудува кај народот.

Во текот на нејзиното работење, Александра вели дека сака да го разбие стереотипот дека филиграните се наник за повозрасни жени, а на ова ќе му пркоси со изработка на дизајни во современ јазик, дизајни повлиски до младите.

 

 

Таа додава дека поддршка има од сите страни. Младите ги препорзнаваат нејзините дизајни, а нејзината приказна поттикнува многу млади девојки да носат уникатни филигрански парчиња, па и самите да учествуваат во дизајниеањето на своето парче.

Честопати среброто го надополнува со други метали како месинг, бакар, злати и полуграги камења кои му даваат сосема нова димензија на филигранот.

Старата Скопска Чаршија е светски позната со многубројни мајстори кои својот живот го имаат посветено во малите работилници. Странските туристи ја ставаат чаршијата на прво место при посета на Скопје, бидејќи како што знае да се каже, ова е срцето на градот.