На 61 започав секојдневно да се искачувам на Пелистер

2020-та година ќе ја паметиме по многу промени кои ни се случија. За некои луѓе, годината беше мајка, а за други маќеа. Научивме доста лекции, а најважната лекција е тоа што сфативме колку многу ни значеле масовните патувања и туризмот низ целот свет. Сфативме дека најголемото богатство што го има човекот е слободата, отворените граници и запознавањето нови луѓе и места.

2020-та година не натера да започнавме да бараме нови начини на туризам. Изолирани и сами, застанати пред тесни планински патеки кои водат кон бесконечната македонска „џунгла“.
Откривме нови таинствени планински места кои ги очекуваат туристите од целиот свет, а запознавме и нови луѓе кои и пркосат на пандемијата. Овие луѓе ги нарековме „Гласници на новата ера на туризмот која ќе ја развиваме во 2021-та година“.

 

 

2020-та година ќе ја заокружиме со една доста надежна приказна за планински локален херој  на Balkan Prime Tours, 61 годишната битолчанка која пандемијата ја изнесува од дома ја телепортира на планина за првпат во нејзиниот живот.

Запознајте ја Летка. Жена која на својата 61 година и на само пет месеци пред пензионирање ја губи својата работа. Останува дома, заробена со мислите и сравот од тоа што ќе се случи утре.

Летка вели дека најголемиот пад во животот го доживува во месец април кога наместо да размислува како ќе ги поминува своите пензионерски денови, таа останува дома.

Но веќе во месец јуни таа се решава да го промени својот начин на живеење. Наместо да седи со денови дома, таа започнува со активно пешачење во битолскиот регион. Секојдневното пешачење и прераснува во обврска, а со стекнување на подобра кондиција таа се решава за втор покрупен чекор, а тоа е планинарењето на Пелистер.

Во месец август Пелистер и преминува во секојдневна рутина, за веќе во септември да започне да размислува и за приклучување во планинарско друштво.

Успехот го достигнува со искачувањето на Голем Крчин, на 2341 метар надморска височина заедно со поголема група планинари. Таа и самата вели дека не е искусен планинар, но желбата и стремежот кон нови предизивици ја натерале да успее во ова.

Летка е вегетаријанка. Здравата шумска храна која расте на македонските планини и се главна окупација. Вели дека причината да се заљуби во Пелистер се шумските плодови кои растат насекаде а кои не треба да се купат со пари, туку за нив треба само да се има желба да се посети планината.

Во месец октомври таа посетува уште неколку други планини ширум државата, но како што вели и самата таа, Пелистер и останува како најомилена планина. Причината за тоа е чистиот планински воздух и секако дрвото Молика за кое дрво на 2-ри јули 1839 година, познатиот ботаничар Август Гризебах го открива ова дрво на Пелистер и го класифицира како специфичен растителен вид кој е најкомпактно застанен само овде.