Mакедонија го празнува Ерделези: Празникот на Ромите кој доби свој статус од УНЕСКО

Денеска е 6-ти мај, денот познат како Ѓурѓовден или Ерделези. Сигурно повеќето од вас кои го читате ова четиво денеска ќе се запознаете со фактот дека УНЕСКО го заштитува Ерделези како празник на Ромите. Но не како фестивал, туку како празник од нематеријално културно наследство. 

На ова тема разговаравме со Даниел Петровски, програмски директор на „Романо Ило“ и еден од луѓето дирекни иницијатори пред УНЕСКО за зачувување и оддржување на духот на празникот Ерделрзи. 

 

 

Даниел ни раскажува за овој празник кој сам по себе носи свои обичаи и фолклор. Тој се сеќава на  масовноста при славењето на празникот во Скопје до крајот на 90-те години кога илијадници Роми го прославувале четвртиот ден, односно 9-ти мај, покрај француските гробишта.  Традицијата налагала тогашните семејства да појдат на излет и подготват трпеза со различни видови на јадења. На овие собирања се појавувале групи на музичари од зурли и тапани па дури и плех оркестри кои им приредувале забава на семејствата.  Денеска, Даниел вели дека забавите се префрлиле во домашни услови, а неговата професија како антрополог му дала до заклучок дека луѓето кои го слават празникот се помалку бројни. 

 Низ Македонија има многу локации на кои се чествува овој празник, вели Даниел. Култните места кои се одбираат за празникот Ѓурѓовден/ Ерделези се поистоветуваат со верувањата и симболите на празникот. Ако се земе предвид дека симболот “зеленило“ доминира за време на празникот, логично е да дел од обредите како што се собирање на билки, лулање на лулашки и прослава, да се оддржуваат на зелените тревни површини или планински места каде има широка полјана или шума полна со дрвја. Вториот исто така значаен симбол кој се поврзува со празникот е „Изворската вода“. Верувањата се дека изворската вода може да помогне во подобрување на здравјето. Изворска или природна вода се наоѓа покрај цркви или храмови а исто така и покрај реките и езерата каде во близина се сместени живеалиштата на Ромите, вели Даниел.

 

Така на пример, Ромите во Штип го посетуваат култното место со изворска вода „Шадрван Баши“, а Ромите од Скопје ја користат водата од црквата Св. Јован во населбата Капиштец, култно место познато за ромската заедница под името Šutalo Pani (мак.: Кисела Вода). Исто така важно е да се спомене и култното место на падината кај Француските гробишта во Скопје, на местото каде сега е изградена амбасадата на Соединетите Американски Држави. 

Ромите од Скопје и околните места, на 5-ти мај ја посетуваат и црквата Св. Ѓорѓија сместена покрај селото Дељадровци – кумановско, додека пак Ромите од Тетово на 5 мај берат билки и зелени растенија на месноста покрај Железничката станица. Во Гостивар се посетуваат месностите Фазанерија и Циглана, а во Кичево берење на билки во месностите Чука и Вршка Воденица.

 

 

Празникот опстојува и покрај сите околности. Во скопската населба Шуто Оризари, секоја година на 2-ри Мај се носи шампионското јагне и се покажува пред останатите.  Тоа е општествена компетиција помеѓу Ромите иако формално никој не им дава награда или не се одбира чие јагне е најубаво.

Изминатата година, Даниел ја посетил манифестацијата каде луѓето со маски на лице му дале акцент на денот. Даниел смета дека зурлите, тапаните и јагнињата се она кои треба да биде зачувано во иднина. 

Ерделези опстојува со традиција кај Ромите во Македонија. Во 2011-та година, Ѓурѓовден/Ерделези кај Ромите е запишан како нематеријално добро во културното наследство со што доби и државна заштита. Низ текот на годините, Министерството за култура финансираше проекти кои го негуваа и афирмира значењето на празникот.

 

 

Здружението Романо Ило од Македонија е консултирана од страна на Институт за фолклор “Марко Цепенков“ и претставник на УНЕСКО со цел доставување на предлог за добивање на статус – Ѓурѓовден / Ерделези, нематеријално добро заштитено од УНЕСКО, заедно со истоимениот празник во Турција.

Ова здружение во далечната 1998 година продуцира изложба “Ѓурѓовден Ерделези во Скопје“ од авторката Елси Иванчиќ Дунин. Под ист наслов, во 2018 година се продуцираше мултимедијална изложба од американската авторка Дунин, која изложба беше поставена во Музеј на Македонија, а истата се прикажа и во етнографските музеи во Загреб, Белград, Дубровник, Ријека, Пула, Пула и други музеи.  Исто така во организација на здружението се продуцираше документарен филм СА О РОМА наменет за прославата на празникот Ерделези и тој филм се прикажа на етнографските фестивали во Скопје, Кратово, Белград, Загреб, Берлин, Дизелдорф и Софија.